Вести Економија Македонија Топ вести

Србија ја трга забраната за извоз на пченица, пченка и масло

Наместо 50 000 тони , Македонија ќе добие 100 000 тони пченица од Србија.

Се трга забраната за извоз на пченица, пченка, рафинирано и нерафинирано масло.

Власта уверува дека нема потреба од страв и паника кај граѓаните. Во тек се и преговори со Бугарија која сама се понудила да даде пченица.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ и натаму тврди дека Владата се однесува неодговорно  и бараат од неа веднаш да интервенира на пазарот за да се намалат цените на брашното и лебот.

Од министерството за земјоделство немаат информации за евентуално зголемување на цената на маслото за јадење.

Тврдат дека на пазарот има доволно залихи

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе