Наместо 50 000 тони , Македонија ќе добие 100 000 тони пченица од Србија.
Се трга забраната за извоз на пченица, пченка, рафинирано и нерафинирано масло.
Власта уверува дека нема потреба од страв и паника кај граѓаните. Во тек се и преговори со Бугарија која сама се понудила да даде пченица.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ и натаму тврди дека Владата се однесува неодговорно и бараат од неа веднаш да интервенира на пазарот за да се намалат цените на брашното и лебот.
Од министерството за земјоделство немаат информации за евентуално зголемување на цената на маслото за јадење.
Тврдат дека на пазарот има доволно залихи
Јулијана Пешевска
