Македонската фудбалска репрезентација утринава го одработи последниот тренинг во Скопје и замина за Порто, каде во вторник ја очекува финалниот бараж натпревар со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар.
Премиерот Димитар Ковачевски ги испрати фудбалерите на скопскиот аеродром и им вети премија од половина милион евра доколку се пласираат на Мундијалот.

Имињата на Португалија не треба да ги плашат нашите фудбалери. Германија и Италија исто така беа поквалитетни противници, но загубија од Македонија. Очигледно е дека на репрезентацијата не и е потребна самодоверба, тоа го имаме, бидејќи двете најголеми победи во истријата ги остваривме на гостински терен. И финалниот бараж за Европското првенство против Грузија го игравме на гости, па овој тим веќе е зрел за предизвиците.
Палермо и победата од 1-0 против Италија се веќе минато. Секој следен натпревар е шанса за историја, а сега таа се вика Португалија. Ривал кој е при врвот на светскиот фудбал, а е предводен од еден од најдобрите на сите времиња Кристијано Роналдо. Индивидуално тимот на селекторо Фернандо Сантош е импресивен. Полн со ѕвезди од Премиерлигата како Бруно Фернандеш, Бернрдо Силва, Рубен Дијаш, Жоао Кансело и Диого Жота. Ниту еден натпревар на ова ниво не е лесен, а нашите фудбалери ќе имаат шанса да се надигруваат и да изненадат уште еден фаворит.
Главен судија на натпреварот на стадионот „Драгао“ ќе биде Англичанецот Ентони Тејлор. Интересно токму овој абитар ја делеше правдата на финалниот бараж со Грузија за пласман на континенталниот турнир, па можеби и овој пат ќе биде таличен за Македонија во обидот да стигне до „виза“ за Катар.
