Спорт Формула 1

Шампионот Ферстапен во драматичен финиш го победи Леклер во Џеда

Макс Ферстапен триумфираше на трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 шампионатот по фантастична борба со Шарл Леклер.

Актуелниот светски шампион дојде до првата позиција во директен дуел со Лекер во последните 10 круга. Возачите на Ферари и Ред Бул во неколку наврати се менуваа на лидерската позиција, но Ферстапен го направи клучното претекнување на два круга до крајот и ја задржа првата позиција за да дојде до триумфот. Третото место му припадна на Карлос Сајнц од Ферари, додека освојувачот на пол-позицијата Серхио Перез мораше да се задоволи со 4.место.

Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а бодови освоија и Естебан Окон, Ландо Норис, Пјер Гасли, Кевин Магнусен и Луис Хамилтон.

Во генералниот пласман Леклер е лидер со 45 бодови, пред тимскиот колега Сајнц, кој има 33, Ферстапен со денешната победа има 25 на 3.место.

Следната трка во Формула 1 шампионатот се вози за Големата награда на Австралија на 10 април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе