Вести Економија Топ вести

Македонија не би требало да се соочи со недостиг на масло за јадење, но кои ќе бидат цените не се знае

Србија ја тргна и забраната за извоз на сурово, нерафинирано сончогледово масло, кое им е потребно на македонските компании за производство на зејтин. Претседателот на Одборот на директори на Витаминка, Симон Наумоски кои ја имаат фабриката Бријалнт во Штип вели тоа ќе го реши проблемот со недостаток на суровина за неколку месеци. Оваа фабрика покрива 60 % од домашниот пазар на масло за јадење, пред извесно време  имало мал застој во дистрибуцијата во маркетите, а сега  трвдат дека сега состојбата се нормализира. Но, според него никој не може да кажи или да прогнозорира  дали зејтинот во супермаркетите ќе поскапи.

Забраната за извоз на домашно жито и масло за јадење останува до 15-ти Април. Наредната недела се очекува да завршат процедурите за увоз на пченица и пченка од Србија.

Лани од Србија во државата се увезени 65.000 тони пченица и 54.000 тони пченка. Се проширува и листата на земјоделски култури што ќе користат средства од Интервентниот фонд. Освен за пченица и јачмен ќе има субвенции и за ѓубрива за производителите на сончоглед, пченка и ориз. Оваа мерка се носи поради високите цени на ѓубривата без кои ќе има намалени приноси.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе