Рубљи, американски долари или евра. Како ќе се плаќа рускиот гас и нафта откако вчера рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека „непријателските држави“ ќе ги плаќаат енергенсите во рубљи а не во „компромитирани валути“.
Прв се огласи австрискиот гигант „ОМВ„ кој соопшти дека ќе продолжи да плаќа во евра а потоа и полскиот концерн за нафта и гас „ПГНИГ“ кои се на истиот став, ќе го исполат својот дел од обврските но во евра.
Полска, добива од Русија до 10 милијарди кубни метри гас годишно а договорот завршува во декември оваа година и полскиите власти јасно ставија на знаење дека нема да го продолжат.
Официјална Софија соопшти дека дека нема намера да го плаќа рускиот гас во рубљи што наиде на реакции во Србија но и во Унгарија кои се снебадеваат преку гасоводот кој минува низ Бугарија.
Италија најверојатно ќе се предружи кон групата држаави кои ќе продолжат да плаќаат во евра а тоа го најави Франческо Гавацои, еконосмки советник на премиерот Драги, кој изјави дека плаќањето во рубљи е заобиклоување на санкциите.
ЕУ пак веднаш побара приоритет во снабдувањето со гас од САД а проценките на експертите се дека Унијата ќе треба да размени 100 милијарди евра во рубљи за да ги плати веќе договорените нарачки за кои Русија се обврза дека ќе ги испорача.
Барањето на Кремљ гасот да се плаќа во рубљи ја зацврсти националната валута чија вредност сега е 95 во однос на американскиот долар и 105 во однос на еврото што е далеку од рекорниот минимум кога за едне долар беа потребни 120 рубљи или 132 за да се купи едно евро.
По речиси едномесечна пауза денеска Московската берза беше делумно отворена за тргување со акции на големите руски компании што резултираше со скок на акциите на Роснефт, Газпром, Луколил и рударскиот гигант Норникел за 16 односно 19 отсто како и на Сбербак чии акции бележа пораст од 7 отсто. Од друга страна пак акциите на „Аерофлот“ паднаа за 17 отсто како и оние на вториот по големина кредитер ВТБ за 3 отсто.
Отварањето на берзата не се должи на ултиматумот странските компании до 1 мај да одлучат дали ќе продлжат со работа или пак да ги продададат или предатат своите капацитети. Денеска „Рено“ тргна по стапките на голем број западни фирми и го затвори погонот кај Москва.
Огнен Чанчаревиќ
