Вести Економија

Илјадници невработени во Тетово со години чекаат вработување

Ислам Јашари од тетовското село Теново од 2013 година, секој месец се пријавува во Центарот за вработување во Тетово, со надеж дека еден ден ќе го повикаат на разговор за работа. Додека чека вработување како возач на камион, за да го прехрани семејството се занимава со земјоделие. Вели дека со една плата тешко се живее, особено овој период кога се е поскапено.

12 и повеќе месеци вработување чекаат вкупно 12.274  лица кои се пријавуваат во Центарот за вработување во Тетово, додека 3.329 чекаат да се вработат во период од нецела година. Како невработени се водат дополнително и 2.445 пасивни баратели на работа. Најголем процент од пријавените се со основно или средно образование, а има и 90 магистри на наука.

На пазарот на трудот најмногу недостасуваат професори по природни науки.

Инаку 20 % од невработените во Тетово се на возраст до 29 години, 44 % од 30 до 49 и 35 % се на возраст над 50 години.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе