Спорт Формула 1

Ферстапен најбрз во Бахреин

Заврши и последниот ден од подготовките на тимовите за новата сезона. Денешната серија му припадна на актуелниот светски првак.

Макс Ферстапен на последниот ден од тестирањата во Бахреин комплетираше 53 круга и на крајот имаше за седум десетинки подобро постигнување од Шарл Леклер на Ферари.

Трето најдобро време забележа возачот на Алпин, Фернандо Алонсо која на патеката мина 120 круга, а неговиот најдобар резултат беше за скоро секунда послабо од шамионот.

Меѓу петте најдобри денеска се уште Џорџ Расел на МекЛарен и Валтери Ботас на Алфа Ромео.

Најдолго време на патекатаа минаа Алонсо и Никола Латифи кои беа единствени возачи што успеаа да комплетираат преку сто круга.

Единствени кои не ги тестираа болидите беа Естебан Окон од Алпин и Даниел Рикиардо кој мораше да отсустува поради позитивен тест на Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе