Спорт Формула 1

Ферстапен добива ист договор како и најголемиот ривал Хамилтон

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен потпишал нов двегодишен договор со тимот на Ред Бул. Тој ќе биде рамо до рамо со неговиот голем ривал Луис Хамилтон, како двајцата најплатени возачи во историјата на Ф1, бидејќи според новиот договор би заработувал 50 милиони евра годишна плата.

Сегашниот договор на Холанѓанецот истекува по завршувањето на сезоната 2023 година.

Ферстапен ја почна кариерата во вториот тим на Ред Бул, Торо Росо во 2015 година, кога имаше само 17 години. Од 2016 година седна во болидот на Ред Бул и досега оствари 20 победи во Ф1.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе