Ракомет Спорт

Дејвис: Потребни ни се бодови за пласман во следната фаза

Македонскиот шампион Вардар в среда во Скопје во меч од Лигата на шампионите го пречекува Загреб. По триумфот на гостувањето против Монпелје, “Црвено-црните” ќе атакуваат на нови три бода со кои ќе се зголемат шансите за пласман во елиминациската рунда од елитното натпреварување.

“Работевме заедно еден месец. Од натпревар во натпревар играме подобро. Ако имавме повеќе време ќе игравме многу подобро. Мора брзо да се подготвиме за Загреб, да направиме добра тактика и да имаме многу респект за тимот кој игра добро. Февруари е многу важен месец, потребни се сите можни бодови. Ако сакаш да направиш успех во Лигата на шампионите, мора секогаш да победуваш дома. Во мојот систем е главна одбраната и голманите, а ако тие функционираат доаѓа до победа. За мене најважна е дефанзивата, па така ќе биде и со Загреб. Ќе има борба и ќе биде тешко, а ние сакаме да одиме едно место погоре во групата со победа над Загреб. Еден натпревар е еден натпревар. Победата над Монпелје беше добра, луѓето веруваат во системот, а круцијално е да функционира добро. Оваа победа беше искуство за помладите играчи. Нашата цел е да бидеме меѓу шесте во групата кои одат понатаму. Триумфот над Монпелје е добар, ама одиме чекор по чекор. Потребни ни се навивачите, се сеќавам на одличната атмосфера од претходните години и сакам пак да ја почувствувам”, изјави тренерот на Вардар, Давид Дејвис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе