Ракомет Спорт

Бабиќ: Одиме на победа за што е можно подобар пласман

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре од 18 часот и 45 минути во меч од Европската лига на ЕХФ го пречекуваат Шафхаузен.

Битолчани атакуваат на нова победа и задржување на шансите за што е можно подобар пласман на табелата и подобра позиција пред стартот на елиминациската рунда.

“Се подготвуваме како и вообичаено, го анализиравме противникот и видовме кои се нивните специјалности. Низ видео анализи и тренинзи ќе се обидеме да го најдеме најдоброто за нашето издание и да ја изведеме најдобрата тактичка подготовка за Кадетен. За разлика од минатата година сега малку сме во полесна резултатска позиција кога говориме за табелата, но сметам дека во спортот нема полесни позиции, туку имате една цел која не смее да варира, а тоа е победата. Без разлика дали сте први или петти, спортот ги признава само победниците, па така јас како тренер и моите играчи размислуваме на таков начин и така се подготвуваме. И покрај сите проблеми кои ги имавме во Франција, ракометарите покажаа еден неверојатен ментален интензитет. Секако, го загубивме мечот, не сум во целост задоволен и среќен поради тоа, но еден дел од мене е задоволен, бидејќи овој тим покажа вистински карактер и тоа е нешто што сигурно го краси Еурофарм Пелистер оваа година”, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе