Предвидуваа 65 милиони евра за справување со енергетската криза, досега одобрија 170 милиони и оваа сума може да порасне. Купувањето на струја на слободен пазар и од ТЕ-ТО, раководењето со БЕГ, покривање на разликите меѓу актуелната и реалната цена на топлинската енергија, покривањето на загубите на електрична енергија и набавката на јаглен, мазут и природен гас се покриваат со овие средства кои се префрлаат на наменската сметка на ЕСМ, кој треба да ги ублажи последиците.
Минатата недела Владата одобри дополнители 47 милиони евра за ЕСМ, во ист ден кога дозволи и ЕВН да има грејс период од шест месеци за двете фактури, за декември и јануари, кон ЕСМ тешки околу 35 милиони евра за набавена струја.
Според официјалните информации на владините претставници досега во ЕСМ се вбирзгани 120 милиони евра од Буџетот, не вклучувајќи ја и последната сума од 47 милиони евра. Од ЕСМ пак, за Телма, официјално потврдија дека примиле 86 милиони евра.
Според сјатот „отворени финансии“ на 21 јануари владата ќе префрли на ЕСМ 26,7 милиони евра. Од нив 5,8 милиони евра за наменети за функционирањето на БЕГ односно за набавка на гас и непречено снабдување на скопјани со топлинска енергија а 20, 8 милиони евра се префлени на наменската сметка на ЕСМ од каде потоа се трансферираат по разни основи и ставки.
На 31 јануари Регулаторна, повторно ја покачи цената на топлинската енергија, овој пат за 20 отсто а товарот падна на Буџетот кој ќе ја надополни разликата за да нема нови почакувања на сумите во сметките на домаќинствата. Проценките се дека разликата од реалната и актуелната цена на парно греењето ќе биде вкупно 9 милиони евра. Од нив со 3,5 милиони евра ќе се покрива разликата кај домаќинствата, а останатите се за да се покријат повисоките цени за парното за државните институции.
Договорот на ЕСМ со ТЕ-ТО за набавка на струја исто така претрпе измени. Ако во јануари цената по која ЕСМ купуваше струја од оваа компнија беше 170 евра за мегават час сега е 190 евра. ТЕ-ТО му продава на ЕСМ 12 гигаватати неделно кои во моментов чинат 2,3 милиони евра или месечно се исплаќа 9,1 милион евра само за набака на струја од оваа компанија.
Парите за справување со енергетската, топлинска но и ковид кризата се влечат од посебна ставка во Буџетот тешка речиси 100 милиони евра.
Огнен Чанчаревиќ
