Вести Економија

Нивите во Струмичката котлина остануваат непосеани

Помалку површини под земјоделско производство и недостаток на домашна храна. Ова се предвидувањата на земјоделците за оваа реколта. Според Ристо Велков, серијата поскапувања ќе ги демотивираат земјоделците да ги засадуваат нивите, тренд што веќе е забележан во струмичко, каде се повеќе плодно земјиште останува незасадено.

Енергетската криза ќе влијае и на моќта да се инвестира во производството. Откупувачите велат дека земјоделците немаат капитал со кој можат да располагаат во вакви случаи, но и дека самото производство ќе биде неисплатливо, бидејќи ќе биде скап производствениот процес.

Статистиките на земјоделските здруженија говорат дека две третини од  обработливите површини во регионот не се засадени.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе