Ракомет Спорт

Словенецот Лесјак од следната година на голот на Е. Пелистер

Еурофарм Пелистер донесе големо засилување на голманската позиција за следната сезона. Се работи за словенечкиот репрезентативец Урбан Лесјак и ќе го замени Мартон Секељ, кој пак си заминува од Битола по завршувањето на оваа натпреварувачка година.

Лесјак ќе дојде од таборот на германскиот бундеслигаш Хановер за кој брани уште од 2018 година. Се работи за 31-годишен голман, кој претходно го чуваше голот на Целје. За словенечката репрезентација има 58 настапи, а беше дел од генерацијата која во 2017 година го освои бронзениот медал на Светското првенство во Франција. Официјалното претставување на Лесјак во Битола ќе биде пред стартот на новата сезона 2022/2023.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Јакимовски останува во Италија: Потпиша двегодишен договор со Наполи

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе