Вести Економија Најважни

Бектеши: ЕСМ треба да го објави договорот за граѓаните да знаат колку пари ќе не`чини кризата со топлинската енергија

ЕСМ од денеска го презема управувањето со БЕГ, радијаторите во Скопје ќе бидат топли до еден часот по полноќ.

ЕСМ вчера го достави договорот до Владата, по што оттаму го одобрија. Иако, најавија дека ќе го објават документот, и граѓаните ќе имаат увид колку пари ќе не`чини кризата со топлинската енергија, сепак деталите се` уште не се достапни за јавноста.

Министе Бектеши денеска топката ја префрли на ЕСМ, и рече дека од компанијата треба да го објават договорот. Но според него, кризата со топлинската енергија ќе не чини шест милиони евра до крајот на грејната сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клексан и Фраксипарин на Позитивна листа од јули

Sasko Dimovski

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе