Вести Економија Топ вести

Бочварски: Железничкото поврзување со соседна Бугарија најрано може да се очекува во 2027 година

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вечерва во емисијата „Вин-вин“  изјави дека железничкото поврзување со соседна Бугарија најрано може да се очекува во 2027 година, откако ќе биде завршена изградбата на третата делница од пругата.

Тунелот на железничката пруга со Бугарија ќе биде 5 километри, 2,5 на нашата страна и 2,5 км на бугарска. Само тој тунел чини 70 милиони евра. Бугарите работат на проект брза пруга и сакаат да се поврзат на овој Коридор 8 со нас. Третата делница, што чини преку 400 милиони евра од Крива Паланка до Деве Баир, според динамиката, треба да се гради 4 години. Нашите очекувања се дека ќе започне наредната година и до 2027 година да ја изградиме оваа трета делница“, рече Бочварски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Sasko Dimovski

Клексан и Фраксипарин на Позитивна листа од јули

Sasko Dimovski

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе