Спорт Формула 1

Ферстапен: Не ми е баш жал за Хамилтон

Макс Ферстапен синоќа на гала во Париз го доби шампионскиот пехар во Формула 1 за 2021 година. Холанѓанецот даде интересна изјава за својот најголем ривал Луис Хамилтон.

Возачот на Ред Бул стана првак по драмата на последната трка во Абу Даби, која предизвика многу дебати и контроверзи. Остри реакции имаше од таборот на Мерцедес, бидејќи Луис Хамилтон во последнот круг го загуби првото место од својот најголем ривал. Холанѓанецот изјави дека не сочувствува премногу со Британецот.

„Не, воопшто не ми е жал“, рече Ферстапен. „Но, можам да ја разберам болката што ја чувствува. На крајот од денот и тоа е дел од тркањето. Знаете, морате да се борите до самиот крај. И за време на една трка можат да се случат многу работи. Видете и тој (Хамилтон) освои шампионски пехар на сличен начин (2008 година). Па затоа сметам дека и тој треба да разбере“, рече пилотот на Ред Бул, кој додаде дека не очекува Хамилтон да се повлече од Ф1.

„Има уште многу да му даде на овој спорт и секако да ја брка рекордната осма шампионска титула“, истакна Ферстапен.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф и Луис Хамилтон не присуствуваа на галата во Париз. Германскиот тим вчера изјави дека ја повлекува жалбата за резултатите на трката за Големата награда на Абу Даби и му ја честиташе титулата на Ферстапен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе