Uncategorized Вести Македонија Најважни

Телма дознава: Косовската амбасада бара посета на 17 затвореници осудени за тероризам и учество во “Диво насеље”

Според информации до кои дојде Телма, косовската амбасада преку МНР испратила барање затворската управа да дозволи посета на осудените терористи од кумановските настани.

Барањето кое веќе стигнало до Министерството за правда и до Управата за извршување на санкции, содржи список од 17 осуденици кои се државјани на Косово и се уапсени на 9-ти мај 2015-та година во кумановската населба Диво Насеље.

Барањето е со ознака итно, а посетата доколку биде одобрена ќе ја изврши Блерим Салаху, заменик министер за правда на Косово. Во барањето се предложени два датуми за посета, 17- ти декември (петок) или 20- ти декември (понеделник).

Од Управата за извршување на санкции само кратко ни одговорија дека сите барања се разгледуваат и се носат одлуки за нив, без да прецизираат повеќе детали за ова барање на косовската амбасада во земјава.

Салаху се обиде да ги посети истите затвореници осудени за тероризам минатиот петок без да бара ваков вид на дозвола, но откако стана јасно дека тоа е надвор од сите процедури, косовскиот заменик министер ја откажа посетата.

Во кумановските настани , загинаа 8 полицајци и 50-тина беа повредени.

На доживотен затвор и на казни од 40 години беа осудени 20-тина припадници на терористичката група, главно дојдена од Косово.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ја потопи оваа власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе