Спорт Формула 1

Ферстапен слави шампионска титула, Мерцедес се жали до ФИА

Макс Ферстепен е нов светски шампион во Формула 1 откако денеска триумфираше пред лутиот ривал Луис Хамилтон на драматичната трка за Големата награда на Абу Даби буквално во последниот круг.

Ферстапен дојде до својата прва шампионска титула и го остави Хамилтон израмнет со Михаел Шумахер на седум наслови. Во последната трка двајцата возачи влегоа со ист број на бодови, па со денешната победа Ферстапен го освои првото место во генералниот пласман.

Трката почна и заврши драматично. Хамилтон на стартот го презема водството од ривалот, но потоа Ферстапен за момент ја врати првата позиција по само неколку свиоци. Двајцата имаа конктакт по кој Хамилтон излета и ја скрати патеката, но остана лидер. Немаше казна за Британецот, кој потоа убедливо водеше се до осум круга пред крајот.

Тогаш, Никола Лјатифи излета и се удри во заштитната ограда, по што мораше да влезе безбедносното возило. Ферстапен ја искористи шансата да смени нови пневматици, а Хамилтон остана на патеката со старите. Безбедносното возило се повлече од патеката буквално во последниот круг, а тогаш Ферстапен веднаш го престигна лутиот ривал и да победи за шампионска титула.

Карлос Сајнц јуниор го освои третото место на победничкиот подиум. За Мерцедес остана утешната награда, односно осмата шампионска титула по ред кај конструкторите.

Веднаш по завршување на трката, Мерцедес испрати официјална жалба до ФИА за резултатите на Големата награда на Абу Даби. Германскиот тим се жали по две основи и прекршување на правилата за тркање.

Првиот проблем на Мерцедес е кога на патеката се појави безбедносното возило. Тогаш директорот на трката Мајкл Маси одлучи дека заостанатите болиди не смеат да го претекнуваат безбедносното возило, што значеше дека пред возачот на Ред Бул ќе има густ сообраќај. Потоа Маси ја преиначи својата одлука и им дозволи на петте болиди помеѓу двата ривали да го претекнат возилото, па Ферстапен испадна веднаш зад Хамилтон. Вториот протест на Мерцедес е дека Ферстапен почнал да се доближува до Хамилтон пред официјално да почне тркањето, односно да биде дадено зелено светло.

Од таборот на германскиот тим соопштија дека нема да коментираат дополнително додека не започне сослушувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе