Спорт Формула 1

Пол позицијата во Абу Даби за Ферстапен

Директните конкуренти за шампионската титула во формула 1, Макс Фестапен и Луис Хамилтон утрешната трка за Големата награда на Абу Даби ќе ја почнат од првиот ред.

Ферстапен ја освои пол позиција откако во третата сесија од квалификациите имаше за скоро четири десетинки подобар резултат од директниот конкурент за трофејот Хамилтон. Последната трка од светското првенство од вториот ред ќе ја почнат Ландо Норис на МекЛарен и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. Како петти ќе стартува Карлос Саинз, а шести е Валтери Ботас. Меѓу десетте најдобри се уште Шарл Леклерк, Јуки Цунода, Естебан Окон и Даниел Рикиардо.

Во пресрет на последната трка од шампионатот Ферстапен и Хамилтон влегуваат со идентичен број на бодови и двајцата возачи во досегашниот тек од сезоната на контото имаат по 369,5 бода додека третопласираниот Ботас има 218.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе