Вести Економија Топ вести

Чифлиганец нуди 9,3 милиони евра купување на компанијата Топлификација што е во стечај

Семејството Чифлиганец по градежништвото и банкарството, влегува и во бизнисот со топлинска енергија. „Адора“ ја купува Топлификација која е во стечај за 9,3 милиони евра. Со тоа станува сопственик на двете топлани Исток и Запад и целиот имот на Топлификација запишан во стечајната маса. Информацијата за Телма ја потврди и стечајниот управник на „Топлификација“ Богољуб Макревски и Адора.

Макревски посочи дека на електронското наддавање имало две понуди. Најповолна и прифатена била таа на Адора од 7,5 милиони евра без ДДВ. Вели сепак последниот збор ќе го има Собранието на доверители кое на седница на 8 октомври треба да ја донесе конечната одлука.

Од  Адора велат – донеле храбра одлука да купат загубар како Топлификација во време кога цената на природниот гас руши рекорди, а регулираниот принос од работењето е на историски најниско ниво.

Дивоградбите ќе се легализираат ама после локалните избори, најави Бочварски

Одлуката ја донеле врз база на физибилити студија и повеќегодишна обсервација на регулираниот бизнис со топлинска енергија.

Во Адора веруваме дека со поддршка од Регулаторната Комисија за Енергетика, од досегашниот, за жал загубар Топлификација АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија. Овој бизнис аспект ќе функционира како посебен правен ентитет под името Adora Energy Solutions и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси“. 

Топлификација е во стечај од крајот на 2018 година, на барање на Битар Холдингс Лимитед која е 89% сопственик на ТЕ -ТО за побарување од околу 1,1 милион евра.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе