Семејството Чифлиганец по градежништвото и банкарството, влегува и во бизнисот со топлинска енергија. „Адора“ ја купува Топлификација која е во стечај за 9,3 милиони евра. Со тоа станува сопственик на двете топлани Исток и Запад и целиот имот на Топлификација запишан во стечајната маса. Информацијата за Телма ја потврди и стечајниот управник на „Топлификација“ Богољуб Макревски и Адора.
Макревски посочи дека на електронското наддавање имало две понуди. Најповолна и прифатена била таа на Адора од 7,5 милиони евра без ДДВ. Вели сепак последниот збор ќе го има Собранието на доверители кое на седница на 8 октомври треба да ја донесе конечната одлука.
Од Адора велат – донеле храбра одлука да купат загубар како Топлификација во време кога цената на природниот гас руши рекорди, а регулираниот принос од работењето е на историски најниско ниво.
Дивоградбите ќе се легализираат ама после локалните избори, најави Бочварски
Одлуката ја донеле врз база на физибилити студија и повеќегодишна обсервација на регулираниот бизнис со топлинска енергија.
Во Адора веруваме дека со поддршка од Регулаторната Комисија за Енергетика, од досегашниот, за жал загубар Топлификација АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија. Овој бизнис аспект ќе функционира како посебен правен ентитет под името Adora Energy Solutions и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси“.
Топлификација е во стечај од крајот на 2018 година, на барање на Битар Холдингс Лимитед која е 89% сопственик на ТЕ -ТО за побарување од околу 1,1 милион евра.
Александра Филиповска