Економија

Се празни акумулацијата „Стрежево“ од каде Битола и РЕК се снабдуваат со вода

Се празни акумулацијата „Стрежево“ од каде Битола и РЕК се снабдуваат со вода и се наводнува Пелагониското поле,  а езерото се доближува до својот минимум.  Тоа се должи на незапаметената суша годинава, но и нерационалната  потрошувачка. Веќе се прават планови за  да не се загрози  водоснабдување на градот и Комбинатот во наредниот период, но и да се обезбедат резерви  за следното лето, доколку нема врнежи и прилив во акумулацијата и оваа хидролошка сезона. 

Климатските промени, долгите периоди без врнежи и нерационалното користење на водата ја пресушуваат  хидро акумулацијата „Стрежво“ од каде Битола се снабдува со вода за пиење, РЕК со индустриска вода, а се  наводнува и Пелагонија. Во моментот  во акумулацијата има  38 милиони кубни метри и е сосема  блиску до минимумот од   36 милиони.   Од јавното претпријатие велат дека оваа е  најсушната години во 4 децениското  постоењето на системот, со исклучително  слаб  прилив во акумулацијата  и огромна потрошувачка.

-Потрошена  е вода за 9000 хектари, а се наводнуваат само 5500 хектари. Тоа е резултат на рационално користење на водокорисниците , затоа што имаше самоволно отворање на хидранти, наводнување со издупчени црева и наводнување со бразди, вели Јован Дојчиновски, технички директор на ЈП Стрежево.

И водата од градскиот водовод се троши безмилосно, а  ЈП Водовод има загуби не само од нерационално користење и кражби, туку и поради  дефектите и стари водоводи.

-Системите се стари, преземени се општини со стари водоводи и тоа ни прави проблем, посебно во руралните средини каде населението гледа пред се да го задоволи земјоделието. Имаме загуби на вода и поради дефекти, вели Горан Козаров, директор на ЈП Водовод.  

Пред почетокот на новата хидролошка сезона, во јавното претпријатие „Стрежево“ се прават планови и за најлошото сценарио, доколку се повтори сушат , Битола  да не остане без вода следно лето и апелираат за внимателно и рационално користење на водата

-Ако не обезбедиме доволно количина вода, ако имаме минимален прилив од 9 милиони кубици, ќе немаме доволно вода ни за градот, ни за РЕК. Затоа мора да обезбедиме 20 милиони, да ги чуваме, да ги акумулираме, за идната сезона да не биде градот загрозен, вели Јован Дојчиновски, од ЈП Стрежево.

Сезоната за наводнување се уште трае, сега  за градинарските култури. Но од Стрежево велат дека доколку нема врнежи, тогаш за многу скоро ќе  прекине наводнувањето кога нивото во Стрежевското езеро  ќе се спушти на  минимумот од 36 милиони кубици вода.

Повеќе: Атакуваат за градоначалничка функција, а пратеничкото и министерското столче ќе го чуваат за резерва

Потоа ќе се испорачува само за водоснабдување на Битола и Рударско енергетскиот комбинат, што е нивна законска обврска.  Останатите резерви ќе се чуваат за следната година.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе