Македонија Најважни

Атакуваат за градоначалничка функција, а пратеничкото и министерското столче ќе го чуваат за резерва

Десетина актуелни пратеници во Собранието,меѓу кои Тимчо Муцунски,,Коста Костадинов, Ненад Коциќ, Коле Чаракчиев, Александар Филиповски, Дарко Костовски, Фадил Зендели ,Кирил Пецаков, Кастриот Хаџиреџа, Иван Јорданов и други, како и министерот Горан Милевски – иако се кандидати за градоначалници дел од нив велат не почувствувале морална и етичка одговорност да се откажат од функцијата пратеник или министер и да поднесат оставки. Немаат ниту грижа на совест дека го изневериле гласачкото тело од цела изборна единица кое ги избрало четири годиниа да бидат нивниот глас од собраниската говорница или во владата.

Коста Костадинов, актуелен пратеник од СДСМ, а сега кандидат за градоначалник на Струмица, не чувствува дека ги изневерил гласачите од Изборна единица 4 кои го избраа за пратеник. Смета дека има високо етички норми како претставник на народот во Собранието, кои граѓаните ги знаат.

  • Напротив. Нема поголема чест и одговорност од тоа, ја барам довербата од граѓаните на Струмица, за да продолжам да им служам, овој пат од друга позиција, на локално ниво. Не бегам туку барам доверба од граѓаните, на избори- Коста Костадинов, пратеник.

Ненад Коциќ, пак кандидат за градоначалничката фотелја во Велес смета дека функцијата пратеник ја извршува одговорно. Не упати став за моралот и етиката да побараме од оние пратеници кои воопшто не учествуваат на седниците или по 5-10 минути месечно.

  • Примарната функција како пратеник во интерес на граѓаните ја извршувам доследно и одговорно. Немам отсуство на ниту една седница или комисија во која членувам- Ненад Коциќ, пратеник.

Министерот Горан Милевски иако прашан за етичката одговорност – одговори  дека не гледа законска пречка министер да се кандидира за било која функција. Вели неговата оставка ќе значи нови избори – а сега не било момент за тоа.

  • Согласно Уставот секој граѓанин има можност да бира и да биде биран. Дали ЛДП и јас ќе бидеме или не дел од Владата, одлучуваат граѓаните и органите на партија, а не партиските кујни. Мојата оставка ќе значат нови избори, а сметам дека сега не е момент за такво нешто. Ако некој го посакува тоа, јавно нека го соопшти- Горан Милевски, министер.

Пратеникот од ВМРО и кандидат за градоначалник на Аеродрмо, Тимчо Муцунски не одговори на нашите прашања.

За пратеничката и професор по уставно право Гордана Силјановска правни пречки нема и се е оставено на индувидуалната морално однесување.

  • Да обете функции и пратеничката и министерската овозможуваат да ги искористите дури и за влијание врз самиот изборен процес. Кога се работи за односот пратеник градоначалник набрзо по неколку дена парламентот нема да функционира што значи нема да може пратеничкиот статус да се користи за влијание врз граѓаните. А кога се во прашање министрите имаме најсилна неспојливост на функцијата, значи неспојливост со било која друга јавна функција и професија и најголема можност за употреба на статусот, да не речам и за злоупотреба. Зошто за разлика од парламентот владата е секогаш активна а пред избори е и хиперактивна, вели Гордана Силјановска, пратеник.

Во минатите изборни циклуси иако ретко но имало и доблесни примери. Теута Арифи поднесе оставка од функцијата вицепремиер кога се кандидираше за градоначалничка на Тетово. Сега пак Горан Сугарсеки се откажа од директорската функција во Царината, за да атакува на таа за градоначалник на Прилеп.

Инаку во трката за градоначалник на 80 општини и на градот Скопје учествуваат вкупно 297 кандидати. Дали сите што поднеле листи ќе станат кандидати, ќе се знае вечерва кога истекува  рокот  општинските комисии  да ги проверат и потврдат кандидатурите. Ждрепката за редоследот на гласачкото ливче ќе се изврши на 23-ти,а оние што ќе ја поминат кандидатската постапка, треба да стартуваат со кампања на 27 септември.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Дејан Дејан

Жени и еднаквост- детали од говорот на првата жена претседател Гордана Силјановска Давкова

Дејан Дејан

ФОТО: Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти собраниската галерија за време на инаугурацијата на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе