Кошарка Спорт Топ вести

Почина легендарниот Душан Ивковиќ

Легендарниот српски кошаркарски тренер Душан Ивковиќ почина денеска во болница во Белград на 78 години. Веста за смртта на великанот на српската и југослвовенската кошарка ја потврдија од тимот на Раднички.

Во неговата богата тренерска кариера ги водеше Раднички, Партизан, Шибеник, Војводина, но и гиганти како Олимпијакос, ЦСКА Москва и Анадолу Ефес. Со Олимпијакос два пати ја освои Евролигата, од кои последниот пат во 2012 година во составот на грчкиот гигант играше и нашиот Перо Антиќ. Ивковиќ европски титули им донесе и на Партизан, АЕК и Динамо Москва.

Дуда немаше само успеси на клубски план, туку и како селектор. Со селекцијата на поранешна Југославија освои две европски злата, 1989 и 1991, сребро на Олимписките игри во Сеул 1988, а во меѓувреме го освои и Светското првенство во 1990 година.

По распадот на Југославија Ивковиќ ја водеше репрезентацијата на Србија од 2008 до 2013 година и за тоа време освои сребро на Европското првенство во 2009 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто нашите градови се небезбедни?

Дејан Дејан

Високи трговски маржи и до 35% утврдени кај бебешка храна, прашок за перење и кај увозници и дистрибутери

Дејан Дејан

КОД: Таткото на Фросина за пресудата на Апелација – бараат жртвено јагне за своја одговорност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе