Економија Топ вести

Седум ТИРЗ зони сосема празни

Никој не инвестирал во ТИРЗ зоните во Берово, Делчево, Гевгелија, Виница, Ранковце, Радовиш и во третата зона во Скопје… Иако парцелите во скопскиот регион се 10 пати поскапи од тие во внатрешноста, а се добиваат и дополнителни поволности, странските инвеститори се одлучуваат за нив, поради близината на главниот град, аеродромот и автопатот. Дополнителен проблем сега веќе е и недостигот од работна сила, поради масовното иселување од помалите места, што, пак, е предизвикано од немањето инвестиции. Директорот на ТИРЗ решението го гледа во промената во размислувањето.

Според анализите, тие кои инвестираат овде, поминале добро, оттаму и  Македонија повеќе нема да се нуди како дестинација со евтина работна сила, туку како можност за заработка.

Од почетокот на годинава,  нема компанија која заминала од ТИРЗ, но се раскинати неколку договори за закуп на земјиште  кои воопшто не беа почнати со инвестицијата. Деспотовски кој најави три нови странски инвестиции во зоните во Скопје, Штип и Кичево,  убедува дека економијата ги надмина последиците од кризата и влегува во зона на пораст.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Путин по петти пат стана претседател на Руската федерација

Дејан Дејан

Живот „зад решетки“, но и граѓанска должност, права и обврски – затворениците гласаат на двојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе