Вести Македонија Најважни

Ерменското обвинителство ексклузивно за Телма: Немаме информации дека Миленкоски помагал на Саркисиан да избега, помогнал бегство на македонски државјанин

Приведениот дипломат со меѓународна потерница Миле Миленкоски од Ерменија помогнал во бегство на друг македонски државјанин осомничен во милионскиот скандал со неизградени патишта за што меѓу првообвинетите и е корумпираниот Левон Саркисјан, ова за Телма го потврдија и од државното обвинителство во Ереван.

Миленкоски со приватен авион со уште двајца македонски дипломати, еден Бугарин и еден Украинец, најверојатно пилотите го извлекле од Украина осомничениот Бранислав Димитриевиќ кој користел туѓ македонски пасош.

Лицето кое му го дало пасошот останало во Ерменија и 15-тина денови по воздушното бегство, се обидел да ја премине ерменската граница, но откако утврдиле дека неговиот пасош е користен за излез, тој македонски државјанин е упасен и е во ерменски затвор.

Во истиот период од радарот на ерменското обвинителство исчезнале Левон Саркисјан и уште двајца осомничени функционери кои се товарат за милионски измами и перење пари, па сега се истражува дали сомнителната македонска дипломатска свита му помогнала и на Ерменецот да избега.

Ако имате информации за тоа во Македонија испратете ни ги, одговорија од ерменското обвинителство за Телма.

-Во врска со кривичните предмети против Левон Саркисјан и Миле Миленкоски кои што се истражувани од надлежните органи на Република Ерменија, нема информации дека вториот му помогнал на Левон Саркисјан илегално да ја напушти територијата на Ерменија. По ова лице (Миленкоски) е распишана потерница, како што соопштивме и претходно, во врска со давање помош на сосема друго лице при илегално преминување на државната граница, а станува збор за помош на лице кое не е државјанин на Република Ерменија. Доколку македонската страна има други конкретни факти, бараме од нив директно да ги достават до надлежните органи на Република Ерменија, ни изјави Гор Абрахамијан, советник на државниот обвинител во Ерменија.

Дипломатското апсење отвори огромен скандал, се покажа дека сите знаеле или имале информации за сомнителни активности на дипломатите во Ерменија, но сепак во август го испратиле Миле Миленкоски како нов заменик шеф на државната мисија во ОБСЕ во Виена. Таму Миленкоски бил само една недела пред да биде уапсен.

Бегството од Ереван е организирано на почетокот на октомври 2019-та, кога ерменските власти го фатиле оставениот македонец чиј пасош го искористил осомничениот бегалец Димитријевиќ. Сфатиле дека авионот и патниците на него помагале во кривично дело.

Некаде пред крај на 2019-та, ерменската полиција од МВР бара информации за тројцата дипломати, дали навистина се во служба на МНР и дали имаат дипломатски пасоши. Тогаш МВР го известува министерството за надворешни кое го потврдува дипломатскиот статус на нашите тројца летечки дипломати. Информациите се испратени во Ереван.

Денеска министерот Бујар Османи потврди дека имало таква коресподенција со МВР, но полицијата никогаш не ги известила за распишаната потерница. Поради скандалот почнува итна операција со која сите амбасадори и дипломати до петок мора да побараат нови безбедносни сертификати.

За приведениот Миле Миленкоски кажа дека бил проблематичен и се тепал со колеги во амабасади во странство. Но и покрај се- повторно е пратен на висока позиција. Останатите двајца учесници во скандалот останале без дипломатските пасоши.

Премиерот Заев вели да се почека затоа што секој е невин додека не се покаже спротивното и очекува информациии од Ерменија. Заев вели и јас од медиумите слушнав дека поранешниот претседател на Ерменија имал брат кој бил осомничен за криминал.

Миленкоски е уапсен во Србија на 27-ми август, а македонските власти го одмолчеа апсењето се додека не објавија медиумите.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе