Македонија

Фатиме Фетаи го сменила ставот на Обвинителството во случајот со убиството на Пино Секондо

Во предметот со убиството на Пино Секондо, Вишото обвинителство имало два спротивставени ставови презентирани на апелациониот суд.

Контроверзно е однесувањето на Вишото обвинителство оценија адвокатите на мајката на убиениот Пино Секондо затоа што првин имале еден писмен став, а на јавна седница презентирале различен кој победил и е поништена пресудата од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за помагање на убиството.

“За мене, контроверзен е ставот на Вишото јавно обвинителство, првичниот писмен предлог на ова обвинителство во Апелациониот суд беше жалбите на одбраната да бидат одбиени  по поднесените жалби на одбраната и да остане првостепената пресуда во целост. На јавната седница, тој предлог се промени во усмен предлог, жалбите да бидат прифатени и пресудата да биде укината. Сметам дека на овој начин Вишото јавно обвинителство си ја зема улогата на суд  наместо да врши обвинување што е негова основна и единствена надлежност” – посочува Димитар Дангов, адвокат на Маја Трпковска, мајка на убиениот Пино Секондо.

Писмениот став бил направен од еден виш обвинител, а на Апелација Виш обвинител бил друг односно новоизбраната Фатиме Фетаи на која и бил доделен предметот.

Фетаи ни потврди дека го сменила ставот затоа што според неа биле утврдени суштествени повреди на фактичката состојба во делот на изведени докази. Ние не сметаме дека обвинетата не е извршител на делото туку сметаме дека спорна е постапката, ни изјави во краток телефонски разговор Фетаи.

Според информациите на Телма, како неутврдена фактичка состојба е наведено тоа што не е најдена пушката со која е извршено убиството, ниту точно е прецизирано времето, начинот и местото на убиството.

Од друга страна на судскиот процес беа користени изјави од сведоци кои го криеле  оружјето или пак им била раскажан начинот како е извршено злосторството. По укинувањето на 19-годишната казна, Ангела Ѓорѓиевска останува во притвор, а веќе е закажано ново судење за 13-ти септември.

Таа се гони за помагање на убиството, а осомничениот извршител Али Фуркан е во бегство. Пино Секондо исчезна есента 2018-та, а покрај молбите на семејството полицијата поинтензивно да го бара, Пино не беше најден жив туку во април 2019-та беа откриени остатоци од неговото искасапено телот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ПССЕ со оценка: Предизборниот период стабилен очекуваме мирни избори според демократските стандарди

Дејан Дејан

Амбасадорот Гир не коментира за злоупотребените 2,2 милиони евра преку Ерасмус плус

Дејан Дејан

Тренчевска: Сите кои зеле социјална помош, а имале приходи, парите ќе ги вратат назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе