Ракомет Спорт Топ вести

ЕХФ бара еден милион евра гаранција за да му дозволи на Вардар да игра во ЛШ

Вардар е неизвесен за настап во Лигата на шампиони  во новата сезона, бидејќи ЕХФ побара гаранција од 1.000.000 евра за да му дозволи да игра во групната фаза.

Европската куќа на ракометот ги потврди десетте клубови учесници за новата натпреварувачка година, но Вардар е под официјална истрага, односно може да го загуби местото во елитата. Извршниот комитет на ЕХФ бара „црвено-црните“ да уплатат еден милион евра депозит и тоа во две рати. Првата рата да биде исплатена до 13 јули, а втората до 27 јули.

Ваквиот потег на ЕХФ следува, бидејќи минатата сезона Вардар не усполнил дел од обврските поради кои добил место во Лигата на шампиони. Овој депозит од милион евра ќе се искористи како сигурносна мерка за да се подмират долговите на Вардар кон играчите од претходните сезони, кога клубот беше во сопствеништво на Сергеј Самсоненко. Доколку македонскиот шампион не го уплати овој депозит, тогаш ЕХФ го одреди словенечкиот тим Горење Велење како негова замена во Лигата на шампиони.

Од претходно загарантирано место во елитата имаа Загреб, Барселона, Кил, ПСЖ, Алборг, Флензбург, Пик Сегед, Кјелце и Порто. Денеска ЕХФ ги потврди и шесте вајлд-карти, кои ги добиваат, Мешков Брест, Монпелје, Веспрем, Елверум, Динамо Букурешт и Мотор.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 2 јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Георгиев и Мемети – кои се „белите јаки“ во врвот на правосудството, кои се осомничени за митото од 10 илјади евра

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе