Вести Македонија Најважни

Бугарија пресече – нема да даде зелено светло за Македонија идната недела

Бугарија пресече, идната недела нема да даде зелено светло за Македонија за старт на преговорите со ЕУ. Ова попладнево го соопшти техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, во интервју за бугарската национална телевизија одговарајќи директно на прашањето дали Бугарија ќе ја одобри преговарачката рамка за земјава како што е сега.

„Не. Нема да ја одобри бидејќи во моментов нашите услови се под покровителство и решението на рамката дадена од Собранието. Техничката влада не е во позиција да направи таков чекор во таа насока. Дополнително, немаме време да коментираме, но таа позиција е постојана, повеќепати повторувана и јасно и таа се решава на политички дијалог меѓу нашите две земји“, изјави Јанев.

Изјавата на Јанев доаѓа на неполни 24 часа пред посетата на македонскиот премиер Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворшени работи Бујар Османи на Софија, каде токму со Јанев, но и со претседателот на Бугарија Румен Радев треба да разговараат дали е можно Бугарија на самитот на ЕУ идната недела да ја крене рампата за земјава. Студениот туш од Јанев речиси и ја прави беспредметна утрешната посета на Софија во контекст дека таа може да се разубеди околу старот на преговорите за земјава.

„Не сметам дека Бугарија е во ситуациија да отстапи или во моментов да прави компромиси со својата позиција. Не само техничката влада, туку и Собранието со рамката исцртана во 2019 година дава јасни насоки каква е националната позиција на Бугарија“, изјави Јанев.

Притоа Јанев рече дека го чека утре Заев во Софија со кого, како што информираше, веќе неколкупати телефонски разговарале, при што рече дека му предложил на Заев да седнат и да бараат решение. Според него ако двете страни постигнат потенцијалном решение по формирањето на Собранието може да се бара решение во претсотјните месеци.

Премиерот Заев денеска пак самиот изјави дека не сака да ги поткрева очекувањата дека Бугарија идната недела ќе даде зелено светло за земјава, велејќи дека во тој случај следната шанса за старт на преговорите земјава би го имала во октомври.

Заев притоа повтори дека португалскиот предлог за надминување на блокдата од Софија во ЕУ е квалитетен, и за Македонија и за Бугарија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Дејан Дејан

Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран

Дејан Дејан

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе