Македонија Најважни

Софтверот на Рашковски ги однесе министрите за внатрешни Спасовски и Чулев на сведочење кај Вилма Русковска

Единствените кои досега се распрашани како сведоци во предистрагата за софтверот на Рашковски се актуелниот и техничкиот министер за внатрешни работи. Двајцата во различни денови биле на распит и сведочеле во постапката, потврдија за Телма од обвинителството за организиран криминал и корупција.

Спасовски бил на распит како сведок во средата, кога давал исказ дека МВР нема потреба за софвтерот купен од Рашковски, бидејќи сметала дека користењето на „сејф сити“ системот за сообраќајни прекршоци е спротивен на законската заштита на лични податоци. „Сејф сити“ се користел само при кривични истраги, па поради тоа немало одлука за набавка, ниту потреба од софтверот смислен и купен од ист човек, поранешниот генсек на владата Драги Рашковски.

Исказот, Спасовски го давал пред обвинителката Вилма Русковска затоа што надлежната во предметот обвинителка Ивана Трајковска имала други тековни обврски. Пред Русковска како сведок во четвртокот седнал и екс министерот Наќе Чулев и ги кажал своите сознанија од неговиот мандат, односно дека немал информации за набавката на Раковски.

Поранешниот генерален секретар кој сега има секретарско место во кабинетот на премиерот Заев не е повикан на распит, но редовно си оди на работата на Илинденска после двонеделниот одмор во Мексико. За распит нема покана ниту сопственикот на фирмата Инвока груп во чии простории вчера полицијата вршеше претрес и одзеде документација, но и компјутери и телефони. Во тек е вештачење на одземените предмети, а претходно владата ги предала сите документи поврзани со спорната набавка на софтвер од 81 илјада евра.

Софвтерот бил набавен иако МВР, ниту пак некоја друга институција, донеле одлука за потребата од набавката. Најконтроверзниот дел од набавката е што Рашковски прво го патентирал на сопствено име софтверот, а две години подоцна го купил од Инвока груп истиот софвтер и набавката ја потпишал лично тој. Иако премиерот тврдеше дека имало потреба од таков софтвер и нема конфликт на интереси, покрај обвинителството, постапка за можен судир на интереси отвори и Антикорупциската комисија. Софтверот е испробан, но до ден денеска не се користи за откривање преку камери и санкционирање на сообраќајните прекршоци.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе