Вести Македонија Топ вести

Алијанса – Алтернатива ќе го блокира одложувањето на пописот

Предлог законот за одложување на пописот од април за септември, до утре треба да влезе во собраниска процедура. Европското знаменце овозможува скратена постапка, но и процедура која не може да заврши за еден ден, бидејќи  комисиската расправа може да трае три дена. Токму во овие деловнички одредби, Алијанса-Алтернатива гледа можност за попречување на предлогот за одложување на пописот. Најавуваат користење и на втората можност, доколку обезбедат мнозинство при Бадинтеровото гласање.

Опозициската коалиција се противи на одложувањето на веќе почнат попис и стравува дека ова е вовед во целосен прекин.

Од СДСМ ги потсетуваат дека кога се носел законот за попис во април, тие се залагале за попис во јуни.

Од Министерството за правда, не очекуваат пречки во форма на амандмани, бидејќи амандманската расправа мора да заврши за три дена.

Спикерот Талат Џафери не сака да се изјасни како ќе тече собраниската процедура с`е додека не добие предлог закон во писмена форма. „За доследно почитување на Уставот и законите, не е доволна прес конференција на двајца лидери на политички партии“, вели Џафери во интервју за ТВ 21. Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера се договорија пописот да се одржи од 5 до 30 септември, а попишувањето на дијаспората, кое бележи над 170 илјади самопопишувања, да продолжи до крајот на теренскиот попис во земјава.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе