Вести Македонија Топ вести

Пополнети сите болнички капацитети во Гевгелија

Нема веќе слободни кревети за пациенти со ковид-19 во гевгелиската болница. Притисокот врз здравствените капацитети во овој град е силен веќе цел месец, откако почна да расте бројот нa заболени, како и на оние со сериозна клиничка слика. Во болницата во моментов се размислува за преадаптација на простор на одделенијата за да може да се примат пациенти коишто имаат потреба од болничко сместување.

Олумчев вели дека ситуацијата мора најсериозно да се сфати бидејќи доколку вирусот продолжи да мутира вакцините  нема да делуваат.

Голем проблем за Гевгелија е и медицинскиот персонал. Лекари и медицински сестри се заболени или во изолација, па постојано се врши и прераспределба на медицинскиот кадар од другите одделенија во ковид болниците и итната медицинска помош.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе