Македонија

Формиран граѓански инспекциски совет, заедно со државниот инспекторат ќе ги гонат загадувачите во Македонија

Граѓански инспекциски совет ќе дејствува заедно со државниот инспекторат за животна средина  за да се подобри ефикасноста на терен и што е можно побрзо да се издејствуваат дологочекуваните законски измени но и екипирањата на инспекциските тимови и обезбедување на повеќе средства за непречено функционирање.

Инспекцискиот совет е составен од 26 граѓански организации и високообразовни институции и ќе има деветчлено координативно тело.

Според анализите на невалдините организации кои се бават со оваа проблематика, институциите и инспекторатите немаат капацитет да се справат брзо и ефикасно со проблемите на терен, недостасуваат инспектори но и средства и опрема.

Само за илустрација, во целата државата има само двајца инспектори за водостопанство.

Ана Петровска, директор на државниот инспекторат, смета дека еден од клучните проблеми се инспекциските надзори на локално ниво кои не се на задоволително ниво или пак воопшто ги нема и затоа тие мора да ја превземат нивната работа.

На светскиот ден на водата 22 март, тетолвци конечно добија нормализирано водоснабдување.

Дали мини хидроцентралите кои се градат во и околу Лешница се причина за проблемот и прекинот со водоснабдувањето инспекторатот допрва ќе утврдува.

Лабораторијата во склоп на министерството за екологија ги доби сите неопходни акредитации со што сега ќе може да ги анализира примероците на вода а во тек е и добивањето на акредитации за анализа на примероци воздух со што побрзо и поефикасно да се гонат загадувачите на животната средина.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Влегол со автомат во казино во Лешок, го репетирал и одзел над 5.000 евра – притвор за 28-годишен жител на Непроштено

Дејан Дејан

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе