Македонија Најважни

Заев: СДСМ ќе продолжи да биде посветена на реализација на економски политики кои носат економски раст, нови работни места, уште повисоки плати

Поттикнување и кревање на мотивацијата на нашите граѓани е петтиот столб од Програмата – „Нова политика, СДСМ прв во промените“. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е државотворната партија и гарантот за сигурна иднина на нашата современа татковина, напиша на својот фејсбук профил лидерот на оваа партија и премиер Зоран Заев.

СДСМ, посочува Заев, ќе продолжи да биде посветена на креирање и реализација на економски политики кои повторно носат економски раст, нови работни места, уште повисоки плати и развојна македонска економија.

СДСМ победува, но постојано се менува и се подобрува. Јас велам се менуваме, се подобруваме за подобро да им служиме на граѓаните, на државата. Така и ќе продолжиме да работиме и да се движиме по вистинскиот пат. Да ја потврдиме македонската иднина кон која се стремиме, иднина во која приоритетни се граѓаните, економијата, демократијата и државата, напиша Заев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе