Македонија

Депонии од растителен отпад околу струмичките села

Растителен отпад, остатоци од градинарски репроматеријали создаваат депонии околу струмичките населени места. Нема село во кое не се создадени барем две-три вакви локации на ужасот.

Смрдеа, грда слика, но и трајни загадувања на почвата.

Тоа се последиците од несоодветното управување со земјоделскиот отпад. Професорите по стручни предмети во средното училиште Димитар Влахов велат дека едукацијата е клучна.

Особено поради фактот што голем дел од овој отпад може да се реупотреби доколку се компостира.

Средношколката Танкица Гонева е упорна да го совлада компостирањето. Процесот го учи во училиштето под менторство на професорите.

Имаат набавено компостери и учениците за време на праксата остатоците ги складираат во нив, за по неколку месеци да станат ѓубриво.

Професорите од ова училиште заедно со здружението Хорти Еко ќе едуцираат и земјоделци за компостирањето. Голем дел од фармерите не го применуваат, што е причина за создавање на стотина депонии во регионот. Процесот на трансформација на отпадот во корисно ѓубриво е дел од проектот што Хорти Еко  го доби од Институот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе