Македонија Најважни

Стивнува тивкиот бојкот на дијаспората, но фали една третина од попишувачите

Стивнува тивкиот бојкот на нашинците од дијаспората за пописот, тврдат од Државниот завод за статистика.До денеска се попишани над 80 илјади лица, од кои повторно најмногу во Швајцарија – 26 илјади. На второ место е Германија со 19 илјади, па Италија со 10 илјади. Најмалку се попишани во САД, Австралија и Канада, што според статистичарите, се должи на негативната кампања околу пописот.Сепак,велат дека, ситуацијата и таму се подобрува.

За стравувањата дека овој тивок бојкот од дијаспората би се пресликлал и овде во земјава, кога ќе почне пописот на терен, Ѓорѓиева рече дека такви обиди постојат, но државата го нема тој луксуз да си дозволи одложување на пописот. И владиниот портпарол потврди дека засега не е  разгледувана таквата можност.

На пописот ќе се попишуваат и лицата позитивни на Ковид. Од следната недела, Статистика  преку мој термин на дневна основа ќе ги добива сите новодијагностицирани случаи по општини, за да се испланира начинот на нивното попишување. Тие што се на Инфективна и лицата во изолација ќе бидат попишани со помош на членови на семејството. Во краен случај,кај тие што немаат семејства, попишувачите ќе мора да влезат и во домовите на позитивни лица, со заштитна опрема. Пред да влезат кај кого било дома, ќе мора да стават маска, да ги дезинфицираат рацете и да го дезинфицираат лаптопот.Овој протокол, тврдат од Министерството за правда, покажал добри резултати при попишувањето на затворениците.

Проблемот со недостиг од попишувачи се` уште не е надминат. Фали една третина од потребниот број.Утре завршува третиот оглас, а доколку не се пополни бројката, веќе избраните попишувачи ќе попишуваат на повеќе места. Од Статистика се обидуваат да ги мотивираат со можноста да заработат хонорар и до 35 илјади денари.

Далиборка Демјанска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласање без поголеми проблеми – Македонија по седми пат избира претседател

Дејан Дејан

Глетката убава, а излезноста мала во скопските села Црвена вода и Палиград

Дејан Дејан

Во Радовиш се покажувале гласачки ливчиња, додека во Охрид истите се сликале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе