Македонија Топ вести

Пописот може да се одложи само со политички консензус

Пописот може да се одложи само со политички консензус. И покрај лошата епидемиолошка слика, зголемениот број на заразени ,немањето доволно попишувачи, власта зесега не отстапува и најавува  старт на најголемата статистичка операција на 1 април.ВМРО ДПМНЕ бара Собранието да донесе закон со кој пописот ќе се одложи до септември.

Комисијата за заразни болести не е надлежна да одлучува дали ќе се спроведува пописот или не затоа што тоа е политичка одлука, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски. Протоколот е изготвен а попишувачите ќе треба да го почитуваат.

Задолжително носење заштитни маски, одржување дистанца од повеќе метри, користење дезинфекциски средства.Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки.Но стравот од короната доведе и до слаб интерес за попишувачи. Државниот завод за статистика ќе распише нов оглас.

ВМРО-ДПМНЕ бара партиите да седнат на заедничка маса и да донесат закон со кој пописот ќе се одложи за септември.

СДСМ не отстапува и убедени се дека пописот ќе биде безбеден.

Попишувањето треба да  се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите. Расте и отпорот кај граѓаните кои најавуваат бојкот на пописот поради ставањето во ризик на јавното здравје.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Повеќекратно убиство со нож во Илиноис, мотивот е непознат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе