Македонија

ДКСК отвори предмет за набавката на софтвер од Драги Рашковски, потврди Ивановска

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, потврди денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

По изнесените информации во медиумите, денеска на нашиот колегиум отворивме предмет сметајќи дека има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, од една страна и од друга страна причината зошто тој се уште не е во употреба. И, она што беше ризично од наш аспект, несоодветната комуникација меѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите. Тоа беа основните елементи по кои ние постапивме и по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиумите отворивме предмет” – објасни Ивановска, одговарајќи на новинарско прашања по заедничкиот увид во новите простории со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Согласно процедурата, нагласи таа, предметот ќе биде распореден на еден од членовите и тој понатаму ќе ги бара сите потребни информации за утврдување на состојбите.

Кога ќе бидеме готови со целото истражување, пред јавноста ги изнесуваме нашите резултати, изјави Ивановска.

Премиерот Зоран Заев вели дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој лани го набавил поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, не е без причини и оти постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат на Владата и МВР. Најави дека наредните денови ќе бидат објавени детали за набавката.

Прво не е ништо без причина направено. Има причинско-правни последици зошто е тоа правено. Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер којшто може да се употребува во МВР. Постои писмена комуникација помеѓу двете институции – Генерален секретаријат и МВР. Спроведен е тендер со проектирани 8 милиони денари, падната е цената на некои 5 милиони денари заради наддавањето. Учествуваат компании коишто се капацитетни од Република Северна Македонија. И самиот софтвер има конечна цел – употребна вредност на улиците. Се работи за објект којшто снима 360 степени со казните, благодарение на претходни длабински анализи за потребата каков да биде. Така што јас реков овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи. Ова е правено со причина. Не ни текнало така нас, ние седејќи во Владата ќе правиме софтвер. Имало потреба за тоа заради тоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства” – вели Заев на новинарско прашање по посетата на „Скопје Ист Гејт“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе