Македонија

Најмногу 45 дена меѓу јавните расправи во парнична постапка  со новите измени на Законот

Дигитализација и модернизација на доставите до странки, текот на јавните расправи и намалување на трошоците и казните предвидуваат измените на Законот за парнична постапка кои ги изработи работната група во министерството за правда.

Стручната јавноста без или со малку забелешки околу измените кои набрзо ќе бидат доставени до Владата.

Со измените се предвидува намалување на санкциите во постапката и на вкупните трошоци со што надлежните сметаат дека поголем број на граѓани ќе имаат множност да поведат постапки и да ја бараат правдата.

Исто така ќе се дигитализира постапката, односно ќе се воведе он-лајн судење а снимката од рочиштето ќе се смета како електронски записник.

Исто така се поедноставува електронската достава и со тоа ќе се намалаат бројните одлагања на јавните расправи.

Сега судот ќе може да определи вештачење без предлог на странката а вештакот може да се избере електронски по случаен избор од регистарот.

Она што ги засега граѓаните најмногу е дефинирањето на временската рамка на постапката која ќе зaвиси од комплексноста на предметот а рочиштата ќе може да се закажат најмногу до 45 дена од последното рочиште.

Пресуда мора да има најдоцна 15 дена од завршување на јавната расправа.

Експертската јавност со поддршка на измените и мали забелешки како што е допрецизирање на поимот судење од далечина и надвор од судската зграда и можност да се сослушуваат странки кои живеат во странство  со двонасочна електронска коуникација.
Од Адвокатската комора ги повика пратениците веднаш да го изгласаат предлог законот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Арсовски: Македонија е во релативно статична ситуција по две години од промена на власта, премиерот и владата го игнорираат Преспанскиот договор како што и рекоа

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе