Македонија

За општините со даночна 0 или неуспех- кратење на средства од централниот буџет

За нулата на Арачиново за прибирање данок на имот во три години, одговор од градоначалничката Миликије Алими не добивме. Беше на состаноци. Пред неколку месеци Арачиново без проект доби половина милион евра државна помош. За да си ја работат работата, општините треба да бидат дисциплинирани, за да нема очигледна даночна нееднаквост, велат експертите.

Откако се откри ефектот за мала наплата во некои општини и откако јавноста реагираше поради очигледната даночна нееднаквост на граѓаните, владата во свој одговор порача дека општината е надлежна за своите даноци. Со стратегијата која во финална консултација- успешната наплата ќе биде услов и за редовни државни средства и за помош за неразвиени области, соопштуваат од владата.

Општините кои што нема да имаат наплата на сопствените средства од локални даноци и такси нема да ги добијат во 100% износ и средствата од централниот буџет. Ненаплатување на даноците кои одат во општинскиот буџет, имаат реперкусија исклучиво по општинскиот буџет на конкретната општина, стои во одговорот од владата на рс македонија.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации откри дека за разлика од богатите скопски општини кои годишно жнеат меѓу 1,2 и 2,3 милиони евра од данок на имот, стојат 18 мали и скромни општини кои прибираат помалку од 20 илјади евра годишно во истатат ставка. Зрновци  со 96 проценти наплата е меѓу најуспешните, ама собира помалку од 7 илјади евра годишно за данок за имот.

Доколку имаат сопствена даночна служба општините со мали приноси всушност повеќе трошат за прибирање на данок отколку што ќе приберат данок. Дополнителна нееднаквост и меѓу општините, но и поопасно меѓу оние што плаќаат данок и оние што не плаќаат носи и предлогот за поголеми даноци за нефункционални недвижнини, или за секој втор или нареден стан сопственикот да плаќа многу повисок данок на имот.

Според истражувањето, десете најуспешни општини прибираат 60 проценти од данокот на имот, а Скопје разбирливо наплатува повеќе од пола од прибраниот данок на имот во цела држава.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе