Вести Македонија

Маските за струмичкиот карневал и годинава во фиоки

Годинава нема карневалско дефиле. Втора година по ред струмичани остануваат без познатиот Струмички карневал. Поради пандемијата со Ковид-19, карневалскиот одбор и годинава ќе го одбележи карневалот во скромно издание, без поворки и гости од страна. Карневалџиите велат дека им се спакувани карневалските маски коишто не успејаа да ги облечат минатата година.

Организациониот одбор на карневалот не се откажува од свеченостите. Но тие ќе бидат скромни и симболични. Ќе нема маскенбали, а ќе се задржат другите настани.

Карневалскиот одбор годинава ќе издаде и Монографија во чест на 3 децении организирана форма на Струмичкиот карневал.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе