Вести Македонија Најважни

3000 вакцини од Русија, ќе се довакцинираат лекарите па потоа лицата во старечките домови

Откако ги изнесоа сите куфери од патничкиот авион, последни на ред дојдоа и вакцините. Тие сепак највнимателно третирани. Фрижидерот исполнет со три илјади дози не повеќе од две минути стоеше надвор на отворено пред да смени локација – од леталото, во возилото на Трансфузиологија. Рутата продолжува од скопскиот аеродром и завршува во поликлиниката „Јане Сандански“. Таму вакцините ќе бидат сместени во фрижидери со температура од -18 до -20 степени Целзиусови. Ова е само мал дел од целата договорена количина со Русија, за набавка на 200 илјади дози од вакцината „Спутник“.

Изминативе денови, во овие моменти, а и во следните денови ќе ја продолжиме интензивната комуникација со цел да разговараме и да се организира и динамиката на доаѓање на следните количини. Вкупно нарачани се 200 илјади дози, станува збор за вакцини коишто се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие три илјади дози ќе се користат за прва вакцина. Продолжува процесот на имунизација во делот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани онака како што е тоа предвидено во Националниот план за имунизација, рече министерот Филипче. 

 

Добро е познато дека Спутник-В е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот, базирана на платформа на човечкиот аденовирусен вектор. Вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега со право станува светски бестселер, изјави Сергеј Баздникин – Амбасадор на Руската Федерација.

За три недели во Македонија се очекува да пристигне и пратката со дози наменети за ревакцинација на оние коишто ќе ја примат првата доза. Таа течност има различна структура од првичната доза и поради тоа овие три илјади дози се наменети за точно три илјади луѓе – наместо да се тргнуваат две дози настрана за секој еден вакциниран, како што се прави со вакцините „Фајзер“. Вакцинацијата со руските вакцини треба да започне во среда, а освен медицинскиот кадар, ќе започне и имунизацијата на приоритетните групи согласно Националниот план за вакцинација – луѓето во домовите за стари лица, а потоа и останатите коишто се на ред.

Во следниот период се очекуваат периодично да пристигнуваат по неколку илјади дози и се така додека да се стигне до бројката од 200 илјади испорачани дози од руската вакцина „Спутник“ колку што здравствените власти нарачаа, а вклучително и со останатите дози коишто ги очекуваме од другите производители – треба да се обезбедат два милиони и двесте илјади вакцини за Македонија.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот?

Дејан Дејан

УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски

Дејан Дејан

Утре е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе