Свет

Србија во викенд карантин во обид да се спречи ширењето на корона вирусот

Ново заострување на мерките во борбата против пандемијата корона вирус во Србија, одлучи денеска кризниот штаб.

Целосно затворање од утре на пладне до 6 часот наутро во понеделник соопшти членот на кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон.

“Во сабота, се ќе работи до 12 часот, заради задушница а  по 12 часот, се до понеделник во 6 часот, ќе работат само продавниците за храна, лекови и гориво. Од понеделник, средните училишта преминуваат на онлајн настава” – изјави епидемиологот Предраг Кон.

Во српските ски центри, ниту еден објект не смее да работи во текот на викендот.

Последните четири дена немаме зголемување од ден на ден на бројот на новозаразените, изјави Кон, додавајќи сепак дека дневниот број на инфицирани е на исклучително високо ниво, од 4 000 случаи.

Србија, која во Европа е меѓу државите со највисок број вакцинирани граѓани, и покрај воведените мерки, продолжува со имунизацијата на своите жители а според Кон, интензивирањето на овој процес, е најважната превентивна мерка, поважна од какво било затворање и локдаун.

Српскиот епидемиолог оцени и дека имунитетот кој се стекнува со вакцините , најверојатно е подолготраен од имунитетот кој се добива со прележувањето на болеста.

Иако на седницата на кризниот штаб имало, како што оцени Кон, енергична размена на мислења, на крајот била донесена одлуката за затворање.

Долгорочното затворање очигледно не е опција за Србија, изјави Кон, но исто така невозможно е да не се реагира на ваквото зголемување на активноста на вирусот.

На прашањето, кој го убедил дека овој викенд карантин е доволен да се спречи зголемувањето на бројот на новозаразените, иако тој веќе е на високо ниво, Кон одговори: подобро отколку да немаме никакви мерки.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Шефот на нуклеарната агенција на ОН вели дека инспекторите ќе ги посетат иранските нуклеарни локации како дел од договорот за завршување на војната.

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе