Култура Топ вести

Стефоска: Охрид нека биде ставен на листата на наследство во опасност на УНЕСКО

„Имајќи предвид дека не сме способни да го заштитме Охрид, тогаш нека биде ставен на листата на наследство во опасност на УНЕСКО, но тоа не значи дека сме амнестирани од договност“, рече министерката за култура Ирена Стефоска во вечерашното гостување во емисијата „Вин вин“ која се емитува на Телма Телевизија.

Стефоска посочи дека не може само локалните институции да го штитат охридскиот регион, туку дека е потрено интегрирање на институциите, бидејќи 10-15% припаѓаат на културното наследство, другото спаѓа на природното, што е под надлежност на друго министерство.

„Се додека Охрид и охридскиот регион не е стратешка цел околу која сите заедно ќе се обединиме и да постигнеме консензус, внатре во земјата, но и како луѓе, како граѓани“, вели таа.

Грижата за Охрид е и на граѓаните, затоа мораме многу да работиме на свеста на граѓаните, смета министерката.

Во врска со проектот „Скопје 2014“, пак, за кој впечатокот е дека не се реализира она што било ветувано од оваа Влада, Стефоска одговори „дијагнозите се поставени, акцијата е на ред“.

– Една од целите на мојот мандат е дека ќе бидам една од промоторите за враќање на енергијата, но за тоа е потребен тим, потребни се цел, стратегија и дефинирани чекори кои ќе произлезат од разговор со јавноста, рече Стефоска.

Таа нагласи дека како министерка за култура и како една од критичарите на тој проект, има должност пред себе и пред сите со кои заедно марширале кога ја гледале агресивната преобразба на центарот на градот.

Во однос на ставањето институции од културата во надлежност на локалните самоуправи, Стефоска смета дека сè додека тие не бидат капациететни не може да има децентрализација. Цело време, рече таа, има дисбаланс помеѓу планот и она што се случува.

– Недопуствливо е да тече од покривите на нови објекти како што се МНТ и Археолошкиот музеј… Во очајна состојба е Музејот на Северна Македонија, каде нема елементарни услови за работа, рече министерката.

Заштитата на културно наследството е меѓу приоритетите на Владата. Соопшти дека се доделени средства за санација, реставрација и конезрвација на клучни објекти од културното наследтво од целата земја.

– Односот кон нашето културно наследство е однос кон нас самите, кон нашата земја и идентитет. Првите чекори веќе ги правиме, се изготува и стратегија, го трасираме патот на културните политики кои ќе ги водиме, додаде Стефоска.

Задоволна е што резултатите од Годишната програма за финансирање проекти од културата годинава поминале без бурни реакции како во минатите години, иако имало рекорден број 6352 апликации. Тоа покажува, посочи Стефоска, дека стручните комисии работеле како што треба.

Поради наследената неуредна финансиска документација и нереализирани проекти за што беа раскинати договори, а Финанасиска полиција влезе во Министерството за култура, во изминатите шест месеци откако ја презеде функцијата, додаде, повеќе имала улога на админстраторка, отколку министерка која треба да креира културни политики.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Наумовски во „Вин-Вин“: Претседателската кампања во сенка на лидерите на политичките партии

Дејан Дејан

Притвор за зетот на Заев и разрешување на стечајниот управник на неговата фирма – барање на адвокати на австриска фирма која побарува над 4 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе