“Ги повикувам ВМРО ДПМНЕ и нивните портали да престанат да ги плукаат луѓето во Армијата и одбраната. Последните омаловажувања на македонскиот хируршки тим кој е на обука со норвешки експерти за мисија во Авганистан, предизвикаа остра реакција на Норвешка. Лажни обвинувања на сметка на својата земја!” напиша вечерва министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на својот Фејсбук профил.
Таа ја сподели и острата реакција од Норвешка.
“По обуката не се издадени формални поплаки од норвешка страна против ниту едно од шесте лица од македонскиот тим, ниту пак против тимот како целина. Секако, за време на обуката беа идентификувани бројни области за подобрување кај двата тима, и кај сите поединци. Се разбира дека беше дадени и многу јасни насоки во однос на областите во кои е потребно подобрување. Како резултат на тоа, видовме дека припадниците на вашиот тим многу сериозно ги сфатија коментарите и напорно работеа за да го постигнат светскиот стандард на кој инсистираат обучувачите”, се вели во дел од реакцијата испратена од Потполковник Егил Далтвеит,
Одбранбено аташе на Кралството Норвешка.
