Македонија Топ вести

Антикорупциска со прекршочна за директорот на МЕПСО Рамадани

Антикорупционерите побараа прекрошчна казна за новоименуиваниот диретор на МПЕСО, кадарот на ДУИ, Куштрим Рамадани. Отануваат на ставот дека неговото именување е споритвно на законот. Изјавите на министерот за земјоделство ХОЏА – причина Антикорупционерите да побараат владата да превземе мерки поради кршење на етичкиот кодекс. Отфрлени претставките против скопскиот градоначалник Шилегов и  техничкиот министер Чулев

Антикорупционерите иостануваат цврсто на својот став поранешниот член на Ргулаторната комисија Куштрим Рамадани не може и не смее да биде именуван за директор на МЕПСО поради законските органичувања и судир на интереси.  Тие побараа да се поведе прекршочна постапка против Рамадани но имаше двојба по кој член од законот за спречување на корупција па затоа резултатот беше 4 гласа за и три против. Одлуката падна на член 105 кој предвидува казна од 300 до 500 евра.

Според Антикорупциска со изборот на Рамадани се кршат два Закони – за спречување на судир на интереси и за енергетика и Рамадани не смее да го застапува МЕПСО во управен спор против некоја одлука на Регулаторна. Иако мислење за именувањето на Рамадани побара токму премиерот Заев, правните тимови во Владата заклучиле дека нема судир на интереси, што е официјален став од Илинденска број 2.

Со оваа изјава се крши етичкиот кодекс сметаат од Антикорупциска кои побараа од Владата да го санкционира.

На денешната седница беа затворени предметите за скопскиот градоначалник Петре Шилегов и екс министерот Наќе Чулев откако истрага антикорупционерите не ги потврдила наводите дека Град Скопје плаќал на адвокатската канцеларија на градоначалникот за консултантски услуги а мобилните апарати  кои ги набавил Чулев биле далеку под законски дозволениот лимит.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе