Вести Македонија Најважни

Изгласан законот за попис – ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата

Од први до 21-ви април, преку матичен број ќе се попишат државјаните кои имаат живеалиште или престојувалиште во земјава, без оглед дали во моментот се тука или во странство, како и нивните домаќинства, станови и други простории. Ова го предвидува Законот за попис, донесен со 62 гласа и со 29 по Бадинтер.

ВМРО ДПМНЕ не гласаше. Се сомнева дека се прави политички договор за пописните резултати, а потврда гледа во одредбата за врзан потпис меѓу директорот и заменикот на Заводот за статистика.

Според спикерот Талат Џафери, тоа е веќе воведена пракса.

Алијанса-Алтернатива го гласаше законот, но останува да ставот дека не се направило доволно за да биде само статистичка операција.

СДСМ изрази уверување дека институциите имаат капацитет да го спроведат пописот како статистичка операција која ќе обезбеди квалитетни и релевантни податоци за долгорочен развој.

Во рок од еден месец, ќе бидат објавени Методологијата и другите акти за спроведување на оваа операција. Ќе бидат вклучени над 5 илјади попишувачи и инструктори распоредени во 50 пописни региони, а вкупните трошоци се околу 8 и пол милиони евра. Последниот попис беше спроведен во 2002-та. Лани беше одложен заради предвремените избори, а во 2011-та пропадна заради политички несогласувања.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Трамп: „Ќе ја завршиме војната меѓу Русија и Украина“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе