Вести Македонија

Откриен „лажниот“ полицаец кој не плати патарина со покажување легитимација и се пофали на Тикток

Тетовската полиција го откри идентитетот на возачот кој мавтајќи со легитимација помина патарина без да плати.

Станува забор за 32-годишен жител на тетовско Желино, кој не е вработен во полиција како што имаше објавено во некои медиуми, а ниту во семејството немал роднини вработени во безбедносните служби од кои би зел службена легитимација.

Прекршителот бил со возило мерцедес и на патарина најблиска до Тетово, го употребил трикот со покажување некаква легитимација да помине без да плати. Прекршокот е направен во јануари, а фалбаџијата го објавил на мрежата тикток на 15-ти јануари. Откако се дигна врева во јавноста, тој го повлекол видеото од социјалната мрежа.

По преземени полициски активности, СВР го открило 32-годишниот возач и сега му подготвува соодветна пријава, која сигурно ќе биде прекршочна,а доколку пред полицајците зборувал невистини може да следат и посериозни пријави, не информираа од СВР Тетово.

Од државни патишта претходно ни одговорија дека сите кои се агресивни или се расправаат со вработените на патарините се пропуштаат, но после тоа на домашна адреса на сопственикот на возилото им се праќаат платни налози и со казни и со билет за патарина.

Во 2020-та на тој начин се наплатени околу 19.200 евра но на автопатиштата на коридорот 10 (север-југ).

Слично видео но со употреба на полициска палка за да не се плати патарина е објавено на социјалните мрежи лани есента.

Еве го соопштението на МВР за случајот:

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот  објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок. М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе