Македонија Најважни

Доколку бројките продолжат да паѓаат,ќе се затворат Ковид центрите на сите интeрни клиники

Четворицата пациенти кои се во Ковид центарот на клиниката за уво, нос и грло денеска ќе бидат преместени а центарот затворен со што интерната клиника се враќа во нормална функција. Ова е втора интерна клиника во која Ковид центарот се затвара по очната каде од вчера веќе нема хоспитализирани пациенти заболени од коронавирус.

Здравстевните власти најавуваат дека доколку трендот на намалување на бројките на лицата кои треба да се хоспитализираат се задржи Ковид центрите на интерните клиники ќе продолжат да се затвараат за да се овозможи нивно непречено функционирање а пациентите заболени од коронавирус  ќе бидат префрлени во модуларната болница која повторно би се ставила во функција. Следна е Клиниката за неврологија.

Изградбата на модуларните болници во вантрешноста на државата ќе продолжи  бидејќи тие може да се користат и како инфентивни одделенија и како ургентни центри.

Според Филипче, опаѓањето на бропјките се должи пред се на рестриктивните мерки бидејќи засега нема никакви докази дека вирусот ослабел. До крајот на неделата треба да бидат готовби и анализите во лабораторијата на МАНУ кои треба да потврдат дали има евентална мутација на вирусот и во Македонија.

Според официјалните податоци на министерството за здравство, во моментов на Инфективната клиника, во Градската болница и на интерните клиники се хоспитализирани 283 пациенти а има 163 слободни кревети од кои 75 се токму на интерните клиники.

Во последните 24 часа хоспитализирани се 22 нови пациенти а деветмина се пуштени дома.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе